Дали звуците на твојот глас лебдат или
Тоа е сеќавањето, мрмор на морето?
Смеша школки врз влажен песок,
Несигурна пена, кралска школка.
Вечерта полека ближи кон самрак,
Твојата дланка врз дината и тревата.
Нека овој допир биде бавен и нежен,
Зборот ти струга врз усните безболно.
II
Стаклени легла, но можам ли да бидам
Жртва на ноќта, љубовник
Заплеткан во канабис, а ти не си
Сигурна. Стануваш, го слушаш
Пијаното на Филд, звуците на кадравата
Салата, полу-чујни тонови на
Сеќавањето и зеленикавото испарување
Кое порано искреше, а сега го нема.
III
Како прстите лизгаат врз пијаното?
Или пак скитаат попусто низ нотите?
Мораш да накапеш вода во ноќната ти глава
И да го атомизираш носот за ја насочи секоја буква
Кон нејзиното место и потоа легни нежно
Назад во твојот стол за лулање кој
Повеќе не ја допира зората. Ноќните-
Урни на изгрејсонце, златни – прашини – меки.
IV
Се кријам во лакотот на железото
Косам и не се откривам пред главо-
Ловците. Нема да бидам, со заклано грло
Изложен за продажба на рибните пазари врз
Мермерни плочи, туку ќе ѕунам како Белуга и
Ќе ти се тркалам врз јазикот, рибино јајце, кавијар.
Ноќна песна на хромозомите, танцот
На невините, изведен во забрзан ритам.
V
Како да се заборави толку бавен валцер.
Купи музичка кутија од сеќавање и
Пуштај ја таа песна пак и пак. Гледај како
Танцуваш, бакнуваш, се вртиш и забавуваш. Гледај го
Снегот што паѓа и трепери врз црвените капки
Бришејќи ги ледните шари на минатите зими,
Лулајќи ги нотите во тебе самиот,
Криејќи ги солзите во лакотот на твојата рака.