Преку полињата, далеку зад средината
Од животот, сенките на патеките.
Промената на силната попладневна светлина.
Пердув во грлото и гледа како
Нештата бавно се тркалаат. Преку полињата
Зборот граби, толку бавно што звукот
Се губи, исчезнува во измаглицата над
Покосените полиња. А оној кој чекори? Тој
Ѕирка преку полињата во бледнеечкиот
Хоризонт. Се обидува да исчекори од
Сенката си, дури квечерината паѓа
Околу главата му. Мртвите шумолат среде
Есенското лисје или почиваат на гранките
Од минатото. Ако треба да има збогување,
Нека причека и донесе малку ‘дрва
Во шумата и сува мов на полјаната’.