Погледот полека се обезбојува
Во утринската измаглина околу Паракутин*
Очите ù се црни како лава, босите
Стапала темни, пребавни за излез.
Очите ù се темни како лава, наспроти
Пресушената шума, талози во душата.
Зимзелените дрвја вдомуваат мртви гранки од некогашен
Шлем. Над возвишението, вечно
Стрмоглавувачки орел. Збунетиот поглед ја оддолжува
Тишината од нејзината појава. Една сенка
На лавината патека. Земам здив.
Студениот воздух го одредува нејзиното исчезнување.
Брегот се претура во таговната Стабат Матер.
Голташ милја по милја и ги склопуваш
Дланките. Твојот зарипнат глас се моли
На Богот на Крилјата да запамети
Еден пердув ќе изгори и ќе се вратам, на местото
Во подножјето на вулканот.
Сакам исправен да гледам во далечината,
Да ти ја оттргнам раката од сенката на ноќта
Или од постелата од грива. Мек како глина сакам
Да почивам крај тебе и да чекам мугра
Сеќавајќи се на старите низини, каде ветрот
Го гони бродот кон овој брег.
* – Парикутин е активен вулкан во југозападно Мексико, во државата
Мичоакан. Најмладата планина на светот, Парикутин е создадена од
ерупција на лава и пепел на 20 февруари 1943 година. (заб. прев.)