Бродов никогаш не ќе крене едра
Ниту брзина ќе добие. Гломазен, почива
Под здив на менлива
Сила. Песокта дува низ
Вилите. Здив, човек,
Жена, облечени во тула.
Така книгите се изѕидани.
Може ли да те замолам
Да ја исечеш тортава? Да влезеш
Во ѓаволскиот агол, или да заминеш
Од земјата на љубителите на трева?
Ја гледаш предноста на
Мирните класи, толку проѕирни
Низ кремастата кожа, го голтаат последниот
Здив. Зјапам во мртвите очи
Во библиотеките, тивките погреби,
Закопи на книгите, брборење,
Дрдорење, блаботење. Има
Бес околу цитаделата на Времето.
Барабанџијата тропа со
Нозете, го вклучува
Светлото, чудно изобличен
Виси на жиците. Неговите удари по
Тапанот секогаш звучат црно.
Секогаш толку нежно слетуваш врз
Темно-црвеното перниче. Ни треба
Знаме на бродот, врз главите
На сите барабанџии.
Ајде, придружници на Оскар,
Морето е далечно, а шлагот е сладок,
Удрете по лимениот барабан, прочитајте ја
Книгата, нека трескаат палките!