Но не знаевме дека Девицата ќе биде
Конечна, ќе исчезне. Ги испробавме сите
Изабени слики: снег, сонце, есен,
Зима, лето. Но Девицата исчезна
Божем никогаш не била. Со месеци
Трагавме безбројни чаши, безбројни
Пива, лути колбаси, песни кои не секогаш
Ги ценевме, но сепак тивко се придружувавме,
Кога тешките пива: Вестмале или Дувел
Или Петерманеке тоа ќе го посакаа.
Не беа испратени картички со сочувство. Хмељот
Околу влезот обрасна многу. Прашина леташе од
Поштенското сандаче, прашина протераните клиенти и
Изгубените им приказни. Читателу, не поминувај одовде
Без да се сетиш на нив во пијанство.