Те заборавив ли во стерео звукот?
Долби, Долби, на оној плоштад во Амстердам?
Хотелот Шилер, лебди во минатото
Како патнички крстосувач. Ми ја побараа
Пеачката диплома, да насликам
Ремек дело – не би прифатила помалку,
Мадам, и да слетам во Брисел.
Како улиците да се слеале од Рим
Со моите насликани кловновски лица врз
Непостоечките корици. За миг бев
Во Венеција со тебе, пловевме во „валкана
Гондола“ кон смртта на минатото.
II.
Кога времето ја докажа недоветноста.
Пиевме прошек за оваа нежна средба а
Подоцна сонувавме изабени крајчиња кои висат
Како прамени коса врз филмот.
Звук полн бука и чкрипење. Но кога и
Твојот јазик да ми танцува во увото а првите решетки
Пак се огласуваат, стариот танц продолжува,
Мадам, и сè се врти по старо.